Алатки |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Анализа на песната ,,Везилка" |
|
|

- Везилка
Везилке, кажи како да се роди
- проста и строга македонска песна
- од ова срце што со себе води
- разговор ноќен во тревога бесна?
- - Два конца парај од срцето, драги,
- едниот црн е, а другиот црвен,
- едниот буди морничави таги,
- другиот копнеж и светол и стрвен.
- Па со нив вези еднолична низа,
- песна од копнеж и песна од мака,
- ко јас што везам на ленена риза
- ракав за бела невестинска рака.
- Судбинско нешто се плело за века
- од двете ниски, два созвучни збора,
- едната буди темница што штрека,
- другата буди вкрвавена зора.
- 2.
Везилке, крени наведена лика,
- погледај в небо во претпладне златно:
- се зари таму и чудесна блика
- твојата везба на синото платно.
- За тебе нема ни вечерен запад,
- ти - морно око на трепетна срна.
- две бои таму ти горат и капат,
- две шарки твои - црвена и црна.
- Зар не се плашиш јаркоста нивна,
- и најмил спомен дека ќе ти згасат?
- Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
- дните ти минат, прокоби се гласат.
- - И најмил спомен што в душа ми блесна
- се гаси од нив ко цвеке без боја.
- Но ти што ловиш звук на чудна песна,
- ти си ја кажа судбината своја.
Мотив:Тажната судбина на македонската везилка.
Поетски слики:
1.Раѓањето на проста и строга македонска песна.
2.Црвениот и црниот конец симбол на маката и болката на македонската жена.
3.Еднолична низа на песна од копнеж и мака.
4.Темната и вкрвавена зора ја симболизират македонската мака.
5.Синото платно и блесокот во далечините,во претпладне златно.
6.Двете бои кои капат во очите на уморната Везилка.
7.Дните минати во прокоби и мака.
8.Најмилиот спомен како цвеќе без боја.
|
|
|
|
|
|
|
Today, there have been 5 visitors (7 hits) on this page! |
|
|
|
|
|
|
|